Атлантик Груп со Тодоровски како голман-играч до победа над Тиквеш

Тиквеш 5-7(2-4) Атлантик Груп
Тиквеш: Дамјан Петревски 1” 8” 32”, Деко Марков 27”, Амар Елмази 28”
Атлантик Груп: Бојан Петковски 9” 34” 38”, Брагојче Стојановски 11”, Далибор Тасевски 14” 15” 30”

Екипата на Тиквеш одлично го започна дуелот со Атлантик Груп со два последувателни гола преку Петревски во 1 и 8 и со тоа да дојде до водство од 2-0, по што следеше тајм-аут. По враќањето во игра Атлантиг Груп играше по офанзивно со притисок во предно поле. Ваквата игра вроди со плод, не само што успеа да го израмни резултатот преку Петковски 9” и Стојановски 11”, туку и поведе преку Тасевски кој со два гола му донесе предност од 2-4, резултат со кој се замина на полувремето.
Екипата на Тиквеш одлично го започна второто полувреме. Со два гола преку Марков 27” и Елмази 28” успеа да го израмни резултатот. Екипата на Атлантик Груп имаше промена на стратегијата и на голот застана Тодоровски како голман-играч, тактика која се покажа исправна бидејки Атлантик Груп успеа да поведе со 4-5. Во понатамошниот дел од натпреварот и двете екипи најизменично се менуваа во водството. Во самата завршница и Тиквеш се обиде со голман-играч да направи пресврт но Атлантик Груп не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 5-7.