Халк Банка 1-3(1-2) Аџибадем Систина
Халк Банка: Игор Стојановски 7”,
Аџибадем Систина: Филип Наковски 5”, Кристијан Димковски 10” 35”
Екипата на Аџибадем Систина натпреварот со Халк Банка го отвори уште во раната фаза во 5” кога Наковски успеа да го совлада голманот на Халк Банка и да постигне гол за водство на својот тим од 0-1. По само 2 минути игра екипата на Халк Банка успеа да возврати преку Стојановски 7” и со тоа да го израмни резултатот на 1-1. Во понатамошниот дел од натпреварот екипата на Аџибадем Систина со притисок во предно поле успеа да искористи грешка во одбраната на Халк Банка и преку Димковски 10” поведе со резултат од 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Халк Банка се обидуваше да ја анулира негативата од еден гол. Во текот на целото полувреме играше офанзивен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра екипата на Аџибадем Систина преку контра напад успеа да дојде до водство од 1-3. Во тие моменти Халк Банка се обиде со голман-играч да се врати во натпреварот но Аџибадем Систина не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 1-3.