Аџибадем Систина со срце на терен до победа над ЕВН за влез во Ф4

Аџибадем Систина 3-1(2-1) ЕВН

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 39’ Дамјан Јовчевски 4’ Мирослав Неделковски 11’
ЕВН: Бојан Тодоровски 16’

Во последниот полуфинален натпревар за влез во Ф4 фазата силите ги одмерија екипите на Аџибадем Систина и ЕВН. Екипата на Аџибадем Систина настапи во полн состав под водство на третер Амел Аломеровиќ, во раната фаза од натпреварот екипата на Систина преку Јовчевски во 4та минута успеа да дојде до предност од 1-0. Екипата на ЕВН својата игра ја насочи кон нападот како би можела да дојде до израмнување на резултатот, во ваквата пресинг игра Систина искористи погрешно додавање па преку контра напад успеа да поведе со 2-0 преку Неделковски. Во самиот финиш од првото полувреме екипата на ЕВН преку Тодоровски успеа да намали на 2-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕВН се обидуваше да ја врати резултатската негатива од првото полувреме , во текот на целото второ полувреме се играше крајно израмнет натпревар се до самиот финиш кога екипата на ЕВН направи фаул во казнениот простор со што ја одведе екипата на Аџибадем Систина на линијата за пенал. Игор Ѓоргиевски беше прецизен од линијата за пенал и со ова и донесе победа на екипата на Систина од 3-1.