Аџибадем Систина ја сочува предноста и славеше над Ван Хоол

Ван Хоол 3-4(1-3) Аџибадем Систина

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 16’ Стефан Станојковиќ 33’ Филип Неделковски 24’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 17’ 23’ Ивица Петровски 16’ Диме Стевковски 11’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Ван Хоол и Аџибадем Систина, двете екипи во овој натпревар влегоа со офанзивен и отворен фудбал. Екипата на Систина го отвори резултатот со погодокот на Стевковски, ова ја натера екипата на Ван Хоол да го подигне темпото на игра со ваквата игра тие успеаа да дојдат до израмнување со погодокот на Стаменковски во 16та минута. Во финишот од полувремето екипата на Аџибадем Систина успеа со два погодоци на Петровски и Димковски да дојде до повторно водство од 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол ги консолидира своите редови и од минута во минута ја топеше предноста на Аџибадем Систина. Екипата на Систина ја зацврсти одбраната се повлече на своја половина, екипата на Ван Хоол со силен притисок се обидуваше да дојде до израмнување. Сепак до крајот на натпреварот Систина ја сочува предноста и славеше со 3-4.