Макстил 5-3(1-1) Гранит
Макстил: Атанасов Ѓорѓија 29’ 31’ Бобан Бојковски 19’ 37’ 40’
Гранит: Николче Глигуровски 7’ Дарко Петровски 38’ Виктор Нацев 34’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Макстил и Гранит, двете екипи во овој натпревар влегоа со игра во која акцент ставија на играта во одбрана, па од таму и малкуте голови. Екипата на Гранит успеа да го отвори резултатот во 7та минута со погодокот на Глигуровски, оваа предност ја чуваше се до крајот на полувремето поточно во 19та минута кога Макстил преку Бојковски успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Макстил продолжи со одлична игра и залетот кои го имаше од крајот на полувреме сеуште траеше и константно се закануваше кон голот на Гранит. Во средината на второто полувреме екипата на Макстил со погодок на Атанасов успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. Во продложение од полувремето екипата на Макстил успеа да го зголеми водството на 3-1 што ја примора екипата на Гранит во своите редови да внесе голман играч што вроди со плод и успеаа да намалат на 3-2. Сепак до крајот на натпреварот кај екипата на Макстил блесна Бојковски кој со хет-трик ја осигура победата Макстил и влез во Ф4 и со резултат од 5-3.