Боневски со два гола го водеше Матрикс до победа над Окта

Окта 1-2(0-1) Матрикс
Окта: Горан Бојковски 27’
Матрикс: Даниел Боневски 9’ 33’

Со цврста и динамична игра екипите на Окта и Матрикс го започнаа овој натпревар. И на двете страни се играше отворен фудбал. Екипата на Матрикс преку гол од Боневски во раната фаза од натпреварот 9’ успеа да дојде до водство од 0-1. Окта се обиде да ја игра својата препознатлива игра користејки го голманот како гоман-играч со обид да направи притисок во предно поле. Но одбраната кај Матрикс беше на високо ниво и не дозволувајки и на Окта да ја превземе иницијативата успеа да го задржи водството се до крајот на првото полувреме.

Во второто полувремеекипата на Окта преку Бојковски во 27’ минута со гол успеа да го израмни резултатот. Се играше егал натпревар се до 33’ минута кога кај Матрикс повторно проработе Боневски кој со гол му донесе водство на Матрикс од 1-2.

Екипата на Окта се обидуваше да ја анулира оваа предност но искуството кај Матрикс дојде до израз и не дозволи изненадување, за да на крајот го заврши овој натрпевар во своја полза со резултат 1-2.