Ван Хол 7-3(5-2) ЈСП
Ван Хол: Стефан Станојковиќ 5”, Пеце Даиловски 6” 8” 9”, Валентино Трајковски 19” 32”, Ведат Арслан 30”
ЈСП: Филип Колеќески 7” 10” 38”
Екипите на Ван Хол и ЈСП во натпреварот влегоа мошне мотивирано, играјќи брз фудбал со изразен акцент на играда во предно поле. И двете екипи ефикасно ги проследуваа брзите пасови, а притоа и ги затвараа простапите кон сопствениот гол. Прва до погодок дојде екипата на Ван Хол цо 6” преку Станојковиќ , на кого за неполна минута му се приклучи и Даиловски 6”. Преку брз контра напад, Колеќески кај ЈСП успеа да ја намали предноста на 2-1, но вечерва расположениот Даиловски повторно поентираше во два наврати и ја врати екипата на Ван Хол во предност од 4-1. На оваквата игра на Ван Хол, екипата на ЈСП возврати со брза офанзива во која Колеќески повторно реализира погодок за екипата на ЈСП за резултат од од 4-2. Во самиот финиш од првото полувреме, Трајковски 19” од Ван Холл даде гол за резултат на полувремето од 5-2.
Во второто полувреме и двете екипи пристапија со по затворена игра, каде што изразен приоритет имаше цврстата игра во одбраната, па така по тешко се доаѓаше со директно загрозување на противничкиот гол. По цели десет минути игра без нитуе еден погодок, екипата на Ван Хол во 30” преку Арслан ги затресе межичките од голот на ЈСП, а набрзо му се приклучи и Трајковски 32” за предност на Ван Хол од 7-2. На самиот финиш од овој натпревар, Колеќески 38” реализира хет-трик за конечен резултат од 7-3.