Ван Хоол предводен од Никодиновски до победа над С.Ц. Борис Трајковски

Ван Хоол 6-1(2-0) С.Ц. Борис Трајковски

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 2’ Ненад Саздовски 30’ Филип Белчовски 10’ Филип Никодиновски 25’ 27’ Игор Минов 34’
С.Ц. Борис Трајковски: Владимир Мојсовски 29’

Во првото полувреме екипата на Ван Хоол успеа да постави игра со која го стопираше нападот на С.Ц. Борис Трајковски кој со голман играч го започна натпреварот. Во текот на целото полувреме Ван Хоол играче со многу ротации користејќи ја кратката клупа на С.Ц: Борис Трајковски што му овозможи на полувремето да замине со предност од 2-0. Во второто полувреме на ваквата игра кај Ван Хоол се додаде и Филип Никодиновски како носител кој беше одличен во нападот и со два гола во второто полувреме успеа да му донесе победа на Ван Хоол со 6-1.