Ван Хоол 10-3(4-2) Окта
Ван Хоол : Пеце Даилоски 5” 27”, Валентино Трајковски 6” 7” 30” 38”, Димче Андов 11” 33” 39”, Ведат Арслан 40”
Окта : Бојан Станковиќ 8”, Иван Димитриевски 15”, Владислав Илиќ 24”
Натпреварот помеѓу екипите на Ван Хоол и Окта го отвори Ван Хоол во 5” преку Даиловски кој му донесе водство на својот тим од 1-0. Екипата на Окта не беше добро распоредена во делот на одбраната па му дозволи на Ван Хоол со два последователни гола преку Трајковски во 6” и 7” да стигне до предност од 3-0. Екипата на Окта во втората половина од првото полувреме целосно успеа да ги консолидира своите редови па преку дуото Станковиќ-Димитриевски успеа да намали на 4-2, резултат со кој се замина на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол целосно ја превзеде конторлата врз натпреварот и со одлична игра, пред се во делот на нападот, од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Окта со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот но Ван Хоол не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 10-3.