Ван Хоол 8-2(4-2) LC Waikiki
Ван Хоол : Димче Андов 5” 20” 39″, Пеце Даилоски 9” 10”, Стефан Станојковиќ 30″ 40″, Валентино Трајковски 35″
LC Waikiki : Ергин Алими 2″, Фуркан Фетаи 3″
Екипата на LC Waikiki одлично го отвори дуелот со Ван Хоол. На самиот старт со цврста одбрана успеа да го спречи организираниот напад на Ван Хоол и преку контра напади успеа да реализира преку Аилими 2” и веднаш потоа преку Фетаи 3”, со што дојде до водство од 0-2. Екипата на Ван Хоол играше смирен и контролиран напад па во 5” преку Андов намали на 2-1, на кој му се приклучи Даилоски кој со два последувателни гола 9” и 10” направи пресврт во полза на Ван Хоол од 3-2. Во останатиот дел од полувремето се играше контролиран напад и на двете страни со многу шанси за гол. И двајцата голмани беа на ниво на задачата па успеваа да ги спречат приодите кон голот. Во самиот финиш од првото полувреме екипата на Ван Хоол преку контра напад во реализација на Андов 20” постигна гол за водство од 4-2 на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол целосно ја превзеде иницијативата особено во делот на нападот. Ваквата игра им овозможи да создадат отворени шанси за гол. Ван Хоол со одлична реализација успеа шансите кои ги создаде во делот на нападот да ги претвори во гол и од минута во минута да го зголемува водството кое на крајот изнесуваше 8-2.