Ван Хоол 6-1(4-0) ТАВ
Ван Хоол: Стефан Станојковиќ 5” 29”, Пеце Даилоски 8” 40”, Валентино Трајковски 10” 15”
ТАВ: Алексо Новески 28”
Натпреварот за трето место и бронзен медал го одиграа екипите на Ван Хоол и ТАВ. Екипата на Ван Хоол мотивирано влезе во овој натпревар, беше фокусирана уште на самиот старт, и со одличен пристап во раната фаза 5” преку Станојковиќ дојде до предност од 1-0. По само неколку минути игра на Станојковиќ му се приклучија Даилоски и Трајковски кои со три гола до 15” минута му донесоа предност на Ван Хоол од 4-0. Екипата на ТАВ не настапи во комплетен состав, па не можеше да го спречи вечерва расположениот Ван Хоол да не отиде на полувремето од резултат 4-0.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со одлична игра, не му дозволи на ТАВ да фати резултатски приклучок и најде против игра. Од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше 6-1, резултат со кој Ван Хоол освои бронзен медал.