Ван Хоол 6-3(1-2) Водовод
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 25’ 28’ Филип Белчовски 32’ Владо Здравковски 6’ 31’ Иван Вукановски 36’
Водовод: Авни Ајвази 4’ Беким Абдулаи 20’ Стојанче Величковски 33’
Прво полувреме со многу жар и борба на секоја педа од теренот, во рамките на фер плејот. Екипата на Водовод беше таа која што ва го отвори резултатот со погодокот на Ајвази во 4та минута. Следуваше брз одговор на екипата на Ван Хоол со погодокот на Здравков во 6та минута. По овие воведни минути и двете екипи се фокусираа повеќе на одбрана на својот гол одколку на нападот, но во последната минута од полувремето екипата на Водовод успеа да искористи кикс во одбраната на Ван Хоол за предност од 1-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол започна со агресивна игра што вроди со плод со погодоци во 25та и 28 минута за целосен преврт. По овој пресврт екипата на Ван Хоол доби дополнителен мотив и продолжи со со напаѓачки стил на игра што им донесе предност од 3 гола која умешно ја сочува до самиот финиш за победа од 6-3.