Во дерби натпревар Лукоил и ЕВН ги поделија бодовите

Лукоил 3-3(1-1) ЕВН

Лукоил: Лоренцо Николовски 5’ Петар Лефков 22’ 24’
ЕВН: Томи Илиевски 37’ Дарко Стоилевски 27’ Бојан Тодоровски 16’

Третото коло од Бизнис Лигата го отворија екипите на Лукоил и ЕВН. Двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани, екипата на Лукоил ја превзема иницијативата во раната фаза од натпреварот и дојде до водство од 1-0 во 5та минута со голот на Николовски. По ова рано водство на екипата на Лукоил екипата на ЕВН ги консолидира своите редови и со одлично одиграни контра напади успеваше да се закани на спротивната страна. Екипата на ЕВН успеа да го израмни резултатот во 16та минута од натпреварот со погодокот на Тодоровски и да дојде 1-1. Двете екипи до полувремето имаа по неколку шанси но до полувремето мрежите мируваа. Во второто полувреме двете екипи продолжија со цврста и динамична игра, екипата на Лукоил повторно успеа да го превземе водството но екипата на ЕВН имаше одговор на секое водство на Лукоил и со резултат од 3-3 се влезе во егал завршница. Во самата завршница екипата на Лукоил имаше одлични шанси да дојде до погодок и да ја осигура победата но не успеа да ги искористи своите шанси па екипите со резултат од 3-3 ги поделија бодовите.