Џонсон Мети 2-2(0-0) Glass LUX
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 33’ Никола Николовски 31’
Glass LUX: Александар Спасовски 29’ Давид Блажевски 30’
Натрпреварот помеџу екипите на Џонсон Мети и Glass Lux екипата на Џонсон Мети го отвори со голман играч. Џонсон Мети вака се одлучи да го започне овој натпревар за да има играч плус во делон на нападот како би можел да оствари предност во делот на нападот, во ваквата поставеност и на двете страни се играше отворен фудбал. Двете екипи со брзи проигрувања се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол, но голманите беа на висина на задачата и на двете страни, тие беа одлично поставени и не дозволија да бидат изненадени па од тука и резултатот од 0-0 на полувремето. Екипата на Glass Lux второто полувреме го започна со играч помалку, по исклучувањето во самиот финиш на првото полувреме. Џонсон Мети не успеа да ја искористи предноста од играчот плус па Glass Lux со комплетна постава се врати во натпреварот. Во втората половина од второто полувреме екипата на Glass Lux преку Спасовски успеа да дојде до водство од 0-1 со што ја разниша одбраната на Џонсон Мети по што следеше одлично обработена акција во која Блажевски успеа да зголеми на 0-2. Екипата на Џонсон Мети по овие два примени гола целосно успеа да ги консолидира своите редови па преку дуото Николовски-Стојановски успеа да го израмни резултатот. Во остатокот на натпреварот се играше цврста одбрана на двете страни со што успешно беа затворени приодите кон голот на двете екипи. Во ваквата поставеност ниту една од екипите не успеа да постигне гол за победа па ги поделија бодовите