Во динамичен натпревар Ван Хоол славеше над Матрикс

Ван Хоол 8-3(5-2) Матрикс

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 9’ 35’ Ненад Саздовски 4’ 13’ 19’ 38’ Филип Никодиновски 7’ Марко Николовски 34’
Матрикс: Антонио Богдановски 17’ Давид Ристовски 3’ 13’

Одличен почеток за екипата на Матрикс во дуелот со Ван Хоол тие на самиот старт од полувремето успеаа да со одличен удар од далечина да го отвори резултатот на 0-1, но радоста не траеше долго веќе во следната акција екипата на Ван Хоол со погодок на Саздовски успеа да израмни на 1-1 што ни најави одличен натпревар. Екипата на Ван Хоол во 7та минута со погодокот на Никодиновски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и поведе со 2-1. Ова и даде дополнителен мотив на екипата на Ван Хоол која со неколку погодоци во серија успеа да дојде до солидна предност од 4-1. Екипата на Матрикс успеа да го намали резултатот на 4-2, и кога се очекуваше на паузата да се замине со тој резултат Ван Хоол со погодок во последната минута од полувремето успеа да зголеми на 5-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме во се продолжи со цврста игра во која двете екипи играа на раб на фаул. Екипата на Матрикс имаше одлични шанси резултатски да се приближи но сепак екипата на Ван Хоол ја имаше контролата врз резултатот па на крајот од натпреварот славеше со 8-3.