Во дожд од голови ЕЛЕМ го совлада Џонсон Мети.

Џонсон Мети 7-10(4-7) ЕЛЕМ
Џонсон Мети: Никола Николовски 6”, Слободан Чичевски 7” 38”, Бојан Додевски 10” 13” 25”, Стефан Јовановски 30”,
ЕЛЕМ : Душко Спасеновски 2” 17” 18” 20” 24”, Симоновски Борчо 8”, Тихо Груевски 9”, Антонијо Мишевски 16”, Лирдон Кадриу 29”, Синича Ковачевиќ 40”

Десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Џонсон Мети и ЕЛЕМ. И двете екипи уште на самиот старт влегоа максимално мотивирано играјќи крајно отворен фудбал. И на двете страни беше ставен целосен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ но Џонсон Мети успа набрзо да возврати со што го израмни резултатот. Се играше гол за гол се до средината на првото полувреме кога екипата на ЕЛЕМ со три гола во низа дојде до водство од 4-7, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети со притисок во предно поле се обидуваше да ја надомести негативата од првото полувреме, но ЕЛЕМ со одлична реализација не дозволи Џонсон Мети да фати резулаттски приклучок па на крајот славеше со 7-10.