Леар 6-6(2-3) ЕВН
Леар:Робертино Златевски 28’ Блегојче Симјановски 35’ 38’ Борче Ристевски 14’ 18’ 29’
ЕВН: Дарко Стоилевски 37’ Вилијам Митев 27’ Наум Бадаловски 11’ Никола Атанасов 9’ 15’ 25’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Леар и ЕВН, двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливи и не сакаа да го потценат противникот. Двете екипи имаа одлични шанси за погодок но голманите беа на ниво на задачата и не дозволуваа лесни погодоци. Екипата на ЕВН во 9та минута од полувремето успеа преку својот голман Атанасов со удар од далечина да ја изненади екипата на Леар и да поведе со 0-1. Ова дополнително ја мотивираше екипата на ЕВН која го подигна темпото притисна во предно поле и ја зголеми предноста на 0-2. Во завршната фаза од полувремето екипата на Леар преку Ристевски успеа да намали на еден гол негатива. Двете екипи до полувремето успеаа да постигнат уште по еден гол па на паузата заминаа со резултат од 2-3. Во второто полувреме екипата на ЕВН од минута во минута го зголемуваше своето водство и успеа да дојде до предност од 2-5. Но по повреда на голманот екипатана на ЕВН беше приморана да внесе во игра голман играч , што екипата на Леар го искористи за полека да ја стопи предноста на противникот а во 35тата минута и да дојде до израмнување на резултатот на 5-5 што ја направи завршницата на овој дуел вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот со резултат од 6-6 ги поделија бодовите.