Во драматичен натпревар Халк Банка и УНИКА ги поделија бодовите

Халк Банка 3-3(1-2) УНИКА

Халк Банка: Мартин Дамевски 18’ Влатко Блажевски 37’ Тигран Кандикјан 32’
УНИКА: Љуљзим Каштањева 19’ Арбен Нухиу 12’ 38’

Цврсто и израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на УНИКА и Халк Банка, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра и силна мотивација за победа со цел да дојдат до подобра позиција на табелата. Екипата на УНИКА го отвори резултатот во 12та минута со погодокот на Нухиу, екипата на Халк Банка по ова водство на УНИКА притисна во предно поле и во 18та минута од полувремето дојде до израмнување на 1-1 со погодокот на Дамески. Во самата завршница од полувремето екипата на УНИКА преку Каштањева успеа да дојде до повторно водство и предност од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра на раб на фаул на двете страни екипите имаа одлични шанси но голманите денес беа на нив на задачата па мрежите мируваа. Во втората половина од второто полувреме екипата на Халк Банка успеа да искористи грешка во одбраната УНИКА и да дојде до израмнување од 2-2, што ја направи завршницата од овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 3-3 екипите ги поделија бодовите.