Водовод 6-7(1-3) Тиквеш
Водовод: Авни Ајвази 31 33’ Јакуп Зекири 34’ 38’ Стефан Лазарески 20’ 22’
Тиквеш: Орде Ивановски 33’ Нинослав Рангеловски 35’ Деко Марков13’ Филип Велјановски 40’ Гоце Коцевски 6’ 19’ 38’
Одличен старт за екипата на Тиквеш со погодокот на Гоцевски во 6та минута, по оваа негатива екипата на Водовод се префрли на противничко поле и тргна по израмнување. Екипата на Водовод започна со доста офанзивна игра, а екипата на Тиквеш одлично ја постави својата игра во одбраната а преку еден контра напад во 13та минута со голот на Марков успеа да го зголеми водството на 0-2. До крајот на полувремето девете екипи постигнаа по еден погодок и на полувремето се змаина со 1-3. Во второто полувреме екипата на Водовод успеа да постигне два брзи погодоци и да дојде до израмнување до крајот на натпреварот двете екипи наизменично се менуваа во водството за во 38та минута да се дојде до нерешен резултат од 6-6 што ги направи последните минути вистинска драма. Во ваквата драматична завршница поуспешна беше екипата на Тиквеш која го доби овој натпревар со 6-7