Во егал натпревар екипите на Аџибадем Систина и Окта ги поделија бодовите

Аџибадем Систина 4-4(3-4) Окта

Аџибадем Систина: Александар Јаневски 10’ Кристијан Димковски 11’ Благоја Романов 17’ Диме Стевковски 28’

Окта: Живко Котевски 3’ Александар Јовчевски 4’ Бојан Станковиќ 9’ Владислав Илич 20’

Екипата на Окта со максимално сериозне пристап влезе во дуелот со Аџибадем Систина. Ваквата игра уште на стамиот старт вроди со плод и во раната фаза од натпреварот, во 3та минута преку Котевски дојде до предност од 0-1. По само неколкку минути игра Јовчевски 4’ со прецизен удар и донесе предност на Oкта од 0-2. Екипата на Аџибадем Систина со голман играч се обидуваше да најде противигра и да ги консолидира своите редови но Окта беше расположена вечерва па преку Станковиќ 9’ дојде до водство од 0-3. Во средината на полувремето Аџибадем Систина фати свој ритам па преку Јаневски 10’ и Кристијан Димковски 11’ намали на 2-3. Во самиот финиш од полувремето Благоја Романов 17’ кај Аџибадем Систина го израмни резултатот. Се играше израмнет фудбал се до 20та минута кога Илич и донесе водство на Окта од 3-4.

Во второто полувреме и двете екипи играа со максимален пристап. И на двете страни се играше израмнет фудбал. Систина во 28та минута преку Стевковски дојде до израмнување. По овој гол се играше израмнет фудбал со акцент на одбраната. Ни една од екипите не успеа да дојде до гол за победа па на крајот ги поделија бодовите.