Лукоил 4-2(1-1) УНИКА
Лукоил: Петар Лефков 6’ 26’ Горан Стојанов 38’ Лоренцо Николоски 34’
УНИКА: Арбен Нухиу 17’ Беким Љута 25’
Во цврст натпревар силите ги одмерија екипите на Лукоил и УНИКА, двете екипи од самиот старт на полувремето започнаа со цврста игра. Екипата на Лукоил прва го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Лефков, по оваа негатива екипата на УНИКА која во текот на целиот меч го користеше својот голман како голман играч започна со поофанзивна игра. Екипата на Лукоил одлично ја постави својата одбрана и не дозволувваше лесе продор до нивниот гол се до 17та минута од полувремето кога УНИКА успеа да искористи грешка во одбраната на Лукоил и да го израмни резултатот на 1-1. Во второто полувреме се продолжи во високо темпо на игра екипата на УНИКА преку Љута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт во 25та минута од натпреварот, но Лукоил имаше брз одговор и преку брз погодок на Лефков успеа да дојде до повторно израмнување. До крајот на натпреварот се играше цврста игра и двете екипи имаа одлични шанси но Лукоил имаше подобра реализација па на крајот успеа да слави со предност од 4-2.