Во инфаркт завршница Корпа славеше над ВДЛ Ван Хоол

Корпа 7-5(4-4) ВДЛ Ван Хоол

Корпа: Мартин Анакиев 1’ Даниел Жерновски 38’ Кристијан Велковски 33’ Влатко Трпковски 17’ 20’ 40’ Никола Спасовски 14’
ВДЛ Ван Хоол: Димче Андов 9’ 26’ Гоце Андев 4’ Никола Петрушевски 13’ Валентино Трајковски 12’

Екипите на Корпа и ВДЛ Ван Хоол уште на самиот старт на овој натпревар влегоа со максимално сериозен пристап и двете екипи играа пожртвувано на двете полиња од теренот како во нападот така и во одбраната. Прва до водство дојде екипата на Корпа преку Анакиев во раната фаза од овој натпревар во првата минута, кај ВДЛ Ван Хоол по неполни две минути возврати Андов и го израмни резултатот на 1-1. По овие два гола и двете екипи влегоа во отворен фудбал по што на двете страни наизменично се менуваше водството. Во ваквата израмнета игра ниту една од екипите не успеа да оствари резултатска предност па на полувремето се отиде со нерешен резултат од 4-4. Во второто полувреме и двете екипи играа затворен фудбал успешно покривајќи ги приодите до противничкиот гол, на двете страни екипите успеаа да постигнат по еден гол со што се влезе во инфаркт завршница при нерешен резултат од 5-5. Во тие моменти проработи дуото Жерновски – Трпковски кои со два гола во низа и донесоа победа на екипата на Корпа со резултат од 7-5