Во инфаркт завршница Нетцетера славеше над Аптив

Нетцетера 4-3(2-1) Аптив

Нетцетера: Теодор Димитровски 21’ Евгениј Костадинов 8’ Филип Савевски 7’ Мирослав Радиќ 37’
Аптив: Александар Марковски 2’ Никола Ќамилов 32’ Марио Настевски 39’

Дуелот помеѓу екипите на Нетцетера и Аптив го отвори гостинската екипа Аптив во раната фаза од натпреварот преку Марковски во 2та минута кој им донесе предност од 0-1. По ова рано водство екипата на Нетцетера заигра доста по озбилно како во нападот така и во одбраната, ваквата игра им овозможи не само да го израмнат резултат туку и да направат целосен резултатски пресврт преку дуото Костадинов-Савевски. Во втората половина од првото полувреме и двете екипи се обидуваа преку контра напди да ги изненадат противничките голмани но голманите беа на ниво на задачата па полувремето заврши со 2-1. Во второто полувреме екипата на Нетцетера уште на самиот старт преку Димитровски успеа да постигне гол и да зголеми на 3-1. По ова екипата на Аптив целосно ја смени стратегијата внесувајќи во своите редови голман играч како би можела да створи вишок во предно поле, ова им појде од рака во 32та минута кога преку Ќамилов намалија на 3-2. Но екипата на Нетцетера успеа преку брз напад да постигне гол во реализација на Радиќ и зголеми на 4-2, од другата страна следуваше брз одговор екипата на Аптив со погодок на Настевски ја одржуваше минималната негатива и жарот во завршницата. Екипата на Аптив немаше доволно сили за целосен пресврт па Нетцетера славеше со 4-3.