НЛБ Банка 2-1(1-0) Окта
НЛБ Банка: Стефан Георгиев 13’ 33’
Окта: Иван Димитриевски 39’
Ислучително возбудливо прво плувреме одиграа екипите на НЛБ Банка и Окта. Во текот на целото полувреме се играше крајно динамичен фудбал во кој и двете екипи играа со жар, оставајки го срцето на терн. Во ваквата израмнета игра екипата на НЛБ Банка преку контра напад во 13’ благодареније на Стефан Георгиев успеа да стигне до предност од 1-0. Екипата на Окта напаѓаше со гоман играч, играјки ја својата препознатлива игра, но релизацијата изостана. На полувремето НЛБ Банка отиде со предност од 1-0. Во второто полувреме Натпреварот продолжи во ист ритам, што и овозможи на Окта да напаѓа в опредно поле преку гоман играч. Екипата на НЛБ Банка со цврста одбрана развиваше контра напади кои и овозможуваа да доаѓа до играч плус. Во 33’ Георгиев повторно беше снаодлив па успеа преку контра напад да дојде до гол за предност на НЛБ Банка од 2-0. Во самиот финиш од натпреварот, окра остана со играч плус по добиениот црвен картон на од страна на НЛБ Банка. Играчот плус не успеа да го искористи, па НЛБ Банка комплетна влезе во завршницата. Во самиот финиш, по груб старт НЛБ Банка направи прекршок во казнениот простор, па Окта преку пенал во 39’ кој го реализираше Димитриевски намали на 1-2, резултат со кој заврши овој натпревар.