Во крајно драматичен натпревар Окта го совлада LC Waikiki

LC Waikiki 3-5(1-1) Окта

LC Waikiki: Ергин Алими 6”, Бесир Реџепи 22”, Мустафа Мустафа 24”
Окта: Бојан Станковиќ 15” 39”, Живко Коревски 25”, Мартин Мијалковски 32”, Наум Костовски 40”

Третото коло во групата Б го отворија екипите на LC Waikiki и Окта. И двете екипи во овој дуел влегоа максимално мотивирано играјќи пресинг игра по целиот терен. Во текот на целото прво полувреме се играше цврст фудбал на двете страни. Прва до водство дојде екипата на LC Waikiki преку Алими со гол во 6-та минута. Екипата на Окта се обидуваше да го израмни резултатот но LC Waikiki беше присебен и на нивото на задачата се до втората половина од првото полувреме кога судијата Стефков се одлучи да покаже на белата точка. Екипата на Окта не успеа да го реализира овој пенал но по неколку минути игра преку контра напад Станковиќ кај Окта успеа да израмни на 1-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат егал натпревар. Се играше гол за гол се до самиот финиш на натпреварот кога екипата на Окта преку контра напад успеа да стекне предност од еден гол. Екипата на LC Waikiki не успеа да искористи играч плус во делот на нападот со што му овозможи на Окта да зголеми на два гола предност, 3-5, резултат со кој заврши овој натпревар.