Во крајно неизвесен натпревар Халк Банка и Ван Хоол ги поделија бодовите

Халк Банка 2-2(1-2) Ван Хоол
Халк Банка: Дејан Петковски 2’ Филип Илиевски 22’
Ван Хоол: Стефан Станојковиќ 2’ Ненад Саздовски 18’

Екипите на Халк Банка и Ван Хоол во овој натпревар влегоа офанзивно играјки отворен фудбал. И на двете страни целосно беше ставен акцент на играта во нападот. Уште во ранбата фаза од натпреварот екипата на Ван Хоол дојде до водство преку Станојковиќ од 1-0. Но Халк Банка преку Петковски во истата минута возврати и успеа да го израмни резултатот. Во понатамошниот дел од полувремето се играше израмнет натпревар. Во самиот финиш од првото полувреме екипата на Ван Хоол преку Саздовски успеа да поведе со 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето. Второто полувреме екипата на Халк Банка го започна со погодок преку Илијевски 22’ и успеа да го израмни резултатот на 2-2. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше крајно израмнет меч, ниедна од кеипите не успеа да стекне резултатска предност. Се играше егал се до самиот финиш. На крајот натпреварот заврши со 2-2.