Во натпревар под висок напон ЕВН подобри од ЕЛЕМ

ЕВН 5-4(2-2) ЕЛЕМ

ЕВН: Бојан Симоновски 19’ Вилијам Митев 5’ 31’ Дарко Стоилевски 22’ 33’
ЕЛЕМ: Роберт Здравковски 5’ 12’ 26’ 26’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕВН и ЕЛЕМ во еденргетското дерби на почетокот од 9то коло во Бизнис Лигата. Екипата на ЕВН го отвори резултатот во 5та минута со погодокот на Митев, а во истата миннута екипта на ЕЛЕМ го израмни резултатот со изведување на пенал. Двете екипи по ова израмнување се обидуваа да го изненадат противникот со брзи контра напади но во одбраната голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Екипата на ЕЛЕМ во 12та минута успеа да дојде до водство што ја примора екипата на ЕВН да притиска кон голот на противникот, тие успеаа да го израмнат на 2-2 во 19та минута резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме ни донесе фудбал кој изобилуваше со пресврти екипата на ЕЛЕМ успеа да стекне резултатска предност, но тренерот на ЕВН Драган Стојановски направи измена на голот со што успеа да наметне игра која цеслосно и одговараше на ЕВН па со пресврт дојдоа до водство од 5-4. ЕЛЕМ не успеа да го израмни резултатот па на крајот го загуби овој натрпревар.