Окта 3-7(0-3) Лукоил
Окта: Драганчо Ѓорѓиевски 28’ Наум Костовски 37’ Давид Насковски 34’
Лукоил: Дејан Зиков 16’ 23’ Гоце Мојсоски 2’ Мартин Алаѓозовски 39’ Лоренцо Николовски 32’ Анѓелчо Арсов 15’ Антонио Фенов 28’
Екипата на Лукоил одлично го отвори натпреварот против екипата на Окта со погодокот на Мојсоски во 2та минута. По оваа негатива екипата на Окта со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување на резултатот и тргна во целосна офанзива но таквата отворена игра скапо ја чинеше. ЕКипата на Лукоил преку контра напади успеваше да ги казнува и на полувремето да замине со комотна предност од 0-3. Во второто полувреме иста слика екипата на Окта на сите можни начини се обидуваше резултатски да се врати во игра но екипата на Лукоил со рутинирана игра и контрола врз резултатот успеа да слави со резултат од 3-7.