Гранит 6-5(2-2) НЛБ Банка
Гранит: Димитар Илиевски 6” Дарко Петров 19” 23”, Игор Петровски 26”, Мартин Фотевски 33”, Мартин Ристовски 38”
НЛБ Банка: Филип Блажевски 3” 10”, Мирослав Јовановски 29”, Давид Милошевски 30”,Милош Денковски 39”,
Екипата на Гранит во дуелот со Халк Банка влезе со голман играч како би имала предност во нападот. И на двете страни се играше долг и контролиран напад преку кој екипите се обидуваа да дојдат до изгледна шанса за гол. Прва до водство дојде екипата на НЛБ Банка 3” преку Блажевски на што Илиевски 6” кај Гранит израмни на 1-1. Се играше егал до 10” кога повторно Блажевски и донесе водство на НЛБ Банка од 1-2, но не за долго бидејќи Гранит не подлегна под притисокот па во 19” Петров израмни на 2-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играа долг и контролиран напад. Се играше крајно израмнето, гол за гол, во текот на целото полувреме. Екипата на Гранит во самиот финиш дојде до предност од два гола. НЛБ Банка беше приморана да земе тајмаут посе кој натпреварот го продолжи со голман играч, како би можела да ја надомести негативата од два голе, но тоа не им успеа од рака, па на крајот екипата на Гранит славеше со 6-5.