Макпетрол 3-3(2-2) Џонсон Мети
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 2’ 31’ Александар Мишоски 11’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 33’ Благоја Божиновски 8’ 12’
Израмнето прво полувреме во жарот на борбата одиграа екипите на Макептрол и Џонсон Мети, видовме рано водство за екипата на Макпетрол во 2та минута. По ова следуваше одговор на екипата на Џонсон Мети во 8та минута и израмнување на 1-1. Во остатокот од полувремето се водеше жестока борба на секоја педа од теренот и двете екипи постигнаа по еден погодок па на полувремето се замина со резултат од 2-2. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра во кое и двете екипи беа претпазливи и внимаваа повеќе на својот гол. Во 31та минута екипата на Макпетрол од прекин успеа да реализира за водство од 3-2, на ова одговори екипата на Џонсон Мети во 33та минута и израмнување на резултатот на 3-3. Со ова натпреварот влезе во неизвесна завршница во која екипите ги поделија бодовите.