Макпетрол 8-4(4-1) Корпа
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 4” 5” 11” 40”, Марко Костенцовски 39”, Горан Навковски 12” 25”, Никола Секулоски 28”
Корпа: Џунеит Хусеинов 3” 32”, Стефан Јованоски 35” 37”
Во вториот натпревар силите ги одмерија екипите на Макпетрол и Корпа. Есенскиот шампион Макпетрол во дуелот со Корпа влезе доста мотивирано но Корпа преку контра напад успеа да го изненади во раната фаза од натпреварот и преку Хусеинов да поведе во 3-та минута со 0-1. Но набрзо Макпетрол успеа да ги консолидира својте редови и потпирајќи се на искуството заигра агресивно во предно поле не давајќи и на Корпа да има течност во нападот. Ваквата играМакпеторл успеа да ја преточи во офанзива преку која успеа да го разигра Ѓоргијовски кој со три последувателни гола 4” 5 11 успеа целосно да го скрши отпорот на Корпа и направи до резултатски пресврт. Во втората фаза од полувремето на Ѓоргијовски му се приклучи и Новаковски кој со гол му донесе предност на Макпетрол од 4-1, резилтат со кој се замина на паузата.
Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со содличната игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство кое во 28-та минута изнесуваше 6-1. Екипата на Корпа со погодоците на Хусеинов и Јовановски успеа да го намали резултатот на 6-4 но екипата на Макпетрол одлично ја контролираше играта и со сигурна завршница го доби овој натпревар со резултат од 8-4.