Ван Хоол 2-2(1-1) ЈСП (8-9 по пеналите)
Ван Хоол: Стефан Станојковиќ 27’ Андреј Наумовски 17’
ЈСП: Филип Колеќески 12’ 28’
Цврсто и израмнето прво полувреме прикажаа екипите на Ван Хоол и ЈСП, од самиот старт на натпреварот двете екипи своите играчи ги имаа поставено дефанзивно а својата шанса ја бараа преку брз контра напад. Екипата на Ван Хоол прва ја превзема иницијативата и користејќи го својот голман како голман играч притисна кон голот на ЈСП, но оваа истурена игра на противникот ја искористи ЈСП за преку брз контра напад на Колеќески да го отвори резултатот и да дојде до предност од 0-1 во 12та минута од полувремето. Во продолжението на полувремето екипата на Ван Хоол продолжи со притисокот во предно поле што им донесе резултат и погодок во 17та минута каде Наумовски стрелаше за 1-1 резултат со кој се замина на паузата. На стартот на второто полувреме екипата на Ван Хоол со погодок на Станојковиќ успеа да дојде до целосен резултатски пресврт, но кратко по тоа Колеќески од ЈСП со вториот погодок на овој натпревар успеа да израмни за 2-2. До крајот на натпреварот двете екипи се обидуваа да дојдат до погодок голманите беа на ниво на задачата па овој натпревар го одлучуваа пеналите. Во пенал завршницата поуспешна беше екипата на ЈСП која продолжи во Ф4 фазата.