Во пенал завршница Матрикс подобри од Гранит за влез во F8

Матрикс 2-2(1-1) Гранит (5-4 по пеналите)

Матрикс: Драган Брњарчевски 26’ Ивица Алампиоски 7’
Гранит: Мартин Фотевски 2’ 24’

Вториот полуфинален дуел за влез во Ф8 го одиграа екипите на Матрикс и Гранит, и двете екипи поради важноста на овој натпревар се одлучија за нешто по дефанзивна игра и со стрплив добро организиран напад да го напаѓаат противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на Гранит во 2та минута кога со шутираше Фотевски по што топката се одби од играч на Матрикс кој го изненади голманот па Гранит успеа да поведе со 1-0. Во продолежнието од полувремето екипата на Матрикс со меѓусебни подавања и утрчувања во празен простор се обидуваа да створа играч плус. Резутатот од нивната ваква игра дојде во 7та минута кога Матрикс Преку Алампиоски успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи играа израмнет натпревар и тешко се доаѓаше до отворена шанза за гол па од тука на паузата се замина со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам буквално го пресликаа првото полувреме на самиот старт. Екипата на Гранит во раната фаза поведе со 1-2 но по нецела минута екипата на Матрикс успеа да израмни, во останатиот дел од полувремето се играше цврсто и двете екипи се обидуваа да ги затворат преиодите кон голот. Во ваквата игра мрежичките мируваа па дојдовме до пенал завршница. Во ваквата завршница и двете екипи имаа идентична реализација по што остана ан голманите да го решаваат натпреварот по изведување на пеналите голманот на Матрикс Горан Манасиевски имаше поголема концентрација и со гол успеа да го однесе Маттрикс во Ф8. По пеналите 5-4