Тав 3-1(2-0) Халк Банка
ТАВ: Алмир Имер 15’, Мирослав Петровски 20’, Седат Сали 40’
Халк Банка: Мартин Дамевски 34’
Натпреварот помеѓу екипите на ТАВ и Халк Банка започна со цврста игра и на двете страни. Двете екипи акцентот го имаа ставено на играта во одбраната. Со ваквата цврста игра екипите добро ги покриваа отворените шутеви кон противничкиот гол и не даваа лесно да се дојде до изгледна шанса. Во првото полувреме екипата на ТАВ успеа да го ја изненади Халк Банка со два гола во реализација на Алмир Имер 15’ и Мирослав Петровски 2’ за водство од 2-0 на полувремето.
Во второто полувреме натпреварот започна во ист ритам. Екипата на Халк Банка играше по офанзивно како би можела да оствари играч плус во делот на нападот па преку таквата игра да го намали водството што ТАВ го стекна во првото полувреме. Ова му пјде од рака на Мартин Дамевски 34’ кој со маестрален потег успеа да постигне гол и намали на 2-1. Екипата на ТАВ во самиот финиш преку контра напад во реализација на Седат Сали 40’ дојде до водство од 3-1, резултат со кој ја совлада екипата на Халк Банка.