Ван Хоол 2-3(0-2) Лукоил
Ван Холл: Пеце Даилоски 26’, Валентино Трајковски 29’
Лукоил: Петар Лефков 11’ 16’, Лоренцо Николоски 39’
Екипите на Ван Холл и Лукоил знаејќи дека ова е дерби натпревар уште на самиот старт тргнаа со агресивна одбрана, човек на човек по целиот терен. Во ваквата поставеност, и на двете страни тешко се доаѓаше до отворен шут кон противничкиот гол. И двете екипи натпреварот го започнаа со голман играч како би ножеле да имаат играч плус во нападот. Екипата на Лукоил на средината од првото полувреме успеа да ги спореведе својте замисли и ореку Петар Лефков 11’ 16’ во два наврати да го изненади Ван Холл за водство од 0-2. Екипата на Ван Холл се обидуваше преку контра напади да ја намали негативата но Лукоил не го дозволи тоа па на полувремето си отиде со предност од 0-2.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол почна да ја игра звојата препознатлива игра која во средината на второто полувреме преку Даиловски-Трајковски 26’-29’ успеа да го израмни резултатот со што влеговме во инфаркт завршница. Се до самиот финиш од овој натпревар се играше исклучително изедначен фудбал и на двете страни. Во самито финиш екипата на Лукоил од контра напад во реализација на Николовски успеа да постигне гол за победа од 2-3.