Во трилер завршница Матрикс и УНИКА ги поделија бодовите

Матрикс 6-6(4-4) УНИКА

Матрикс: Драган Брњарчевски 8’ Ивица Алампиоски 20’ Тони Брњарчевски 7’ 12’ 34’ 38’
УНИКА: Љуљзим Каштањева 39’ 40’ Беким Љута 7’ Шабан Чупи 6’ 20’ Енис Авдиу 16’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и УНИКА, двете екипи мотивирани влегоа во овој натпревар што се виде и по брзата игра на теренот. Екипата на УНИКА го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Чупи и набрзо после тоа успеа и да го зголеми водството на 0-2. Екипата на Матрикс по оваа негатива ги консолидира своите редови и со два последователни голови на Тони Брњарчевски и Драган Брњарчевски успеаа да го израмнат резултатот. До крајот на полувремето двете екипи се менуваа во водството но ниту една не успеа да резултатски да се одвои па на пауза се замина израмнет резултат од 4-4. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра, екипата на Матрикс успеа да да дојде до повторно водство од 5-4 што ја примора екипата на УНИКА да настапи нешто поофанзивно. Во ваквата офанзивна игра екипата на УНИКА заборави на одбраната што Матрикс го искористи за зголемување на разликата на 6-4. Сепак кај УНИКА проработе Каштањева кој со два гола успеа во последната минута успеа на својата екипа да и донесе реми.