Во цврст натпревар Макпетрол и ЕВН одиграа реми

Макпетрол 3-3(2-3) ЕВН

Макпетрол: Никол Секуловски 13’ Ариан Бела 9’ Марио Митровиќ 21’
ЕВН: Вилијам Митев 11’ 15’ Ајет Новобрдалија 4’

Пролетниот дел од Бизнис Лигата го отворија екипите на Макпетрол и ЕВН, двете екипи во овој натпревар влегоа со брзо темпо на игра и голем мотив за победата. Екипата на ЕВН го отвори резултатот со погодок во 4та минута од слободен удар, по ова водство на ЕВН екипата на Макпетрол се префрли во противничка и со силен притисок се обидуваше да дојде до израмнување. Екипата на Макпетрол во 9та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување на 1-1 преку погодокот на Бела, по ова израмнување двете екипи играа егал натпревар. Сепак до полувремето екипата на ЕВН имаше подобра реализација па на паузата замина со минимална предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Макпетрол успеа да дојде до повторно израмнување со погодокот на Митровиќ во 21та минута, екипата на Макпетрол успеваше да даде одговор на секој погодок на ЕВН. Екипите во второто полувреме продложија со високо темпо на игра и со чести ротации ја одржуваа свежината во своите тимови. Екипата на Макпетрол продолжи со притисок кон голот на ЕВН, но ЕВН одлично ја постави играта во одбраната а својата шанса за повторно водство ја бараше преку брз контра напад. Сепак до крајот на второто полувреме ниту една од екипите не успеа да реализира па екипите ги поделија бодовите со 3-3.