Еуро Табак 0-1(0-0) Гранит
Гранит: Николче Глигуровски 37’
Првата фаза од дуелот помешу екипите на Еуро Табак и Гранит одмина во висок ритам на игра но без многу шанси за погодок на двете страни. Двете екипи беа многу претпазливи и поголем фокус ставија на одбраната, па затоа и изостанаа и погодоците, како одминуваше времето двата тима започнаа со поофанзивна игра па започнаа и шансите за гол и на двете страни. Голманите на двете екипи со одлични интервенции во неколку изгледни ситуации за погодок умаа одлични реакции и ги сочуваа своите мрежи мирни па на полувреме се замина со резултат од 0-0. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра идентично без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше полувремето и двете екипи како да се подготвуваа за пенал завршница, но екипата на Гранит во последните минути од натпреварот односно 37та минута успеа да реализира еден контра напад за водство од 0-1, погодок вреден победа и пласман во Ф8 фазата.