Груевски и Стаматовски стрелаа за реми завршница на ЕЛЕМ и Аптив

ЕЛЕМ 7-7(4-4) Аптив

ЕЛЕМ: Тихо Груевски 17’ 26’ 35’ 37’ Владе Јанакиевски 16’ 18’ 20’
Аптив: Кире Стаматовски 5’ 20’ 24’ 26’ Марјан Тодоровски 7’ Александар Марковски 15’ 33’

Одличен почеток за екипата на Аптив во дуелот со ЕЛЕМ, од самиот старт на натпреварот двете екипи влегоа силно мотивирани со акцент ставен на офанзивната игра. Екипата на Аптив одлично ги најде пукнатините во одбраната на ЕЛЕМ и во 5та минута со погодокот на Стаматовски успеа да поведе со 0-1. Екипата на Аптив продолжи со одлична и успеа да стигне до солидна предност од 0-3. Ова ја примора екипата на ЕЛЕМ да направи тактички измени во својот состав и во игра да внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот. Оваа тактика вроди со плод па тие успеаа да ја стопат предноста на Аптив, а преку Груевски и Јанакиевски успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт и предност од 4-3. Сепак до паузата екипата на Аптив преку Стаматовски успеа да дојде до повторно израмнување 4-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се играше егал натпревар екипите се менуваа во водството се играше гол за гол. Двете екипи беа силно мотивирани и атакуваа на бодовите, кај Аптив вечерва блесна Стаматовски кој имаше одговор за секој погодок на Груевски кој ја предводеше екипата на ЕЛЕМ. Финишот на овој натпревар беше вистинска драма, а во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвио па на крајот ги поделија бодовите со резултат од 7-7.