НЛБ Банка 1-7(0-2) Матрикс
НЛБ Банка: Милош Денковски 23’
Матрикс: Даниел Боневски 3’ 27’ 33’ 40’ Тони Брњарчевски 17’ Драган Брњарчевски 32’ Антонио Богдановски 40’
Уште во најраната фаза од натпреварот екипата на Матрикс преку Даниел Боневски 3’ успеа да дојде до водство од 0-1. Со ова стекна предност која и дозволи да игра отворен фудбал со притисок во предно поле. Екипата на НЛБ Банка која настапи со скратен состав се обиде преку колективна игра да дојде до отворен шут кон голот на Матрикс но реализацијата не беше на ниво, па не успеа да израмни. Во самиот финиш од полувремето Тони Брњарчевски 17’ успеа да му донесе предност на Матрикс од 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
На стартот на второто полувреме екипата на Матрикс остана со играч помалце. Ова го искористи НЛБ Банка кога преку Милош Денковски 23’ успеа да намали на 1-2. Со ова НЛБ Банка се обиде да фати резултатски приклучок но екипата на Матрикс ги консолидира своите редови и потпирајки се на искуството и одличната игра, од минута во минута го зголемуваше водството. Најпрво преку Даниел Боневски 27’ дојде до водство од 1-3, на кој му се приклучија и Драган Брњарчевски 32’, повторно вечерва расположениот Даниел Боневски 33’ и 40’ како и Антонио Богдановски 40’. Ваквата офанзивна игра ја донесе екипата на Матрикс до победа од 1-7 над екипата на НЛБ Банка.