Димче Андов со маестрална игра му донесе победа на ВДЛ Ван Хоол над Транском

Транском 3-21(1-12) ВДЛ Ван Хоол

Транском: Марио Јуанаев 11”, Бојан Мирчевски 21” 39”
ВДЛ Ван Хоол: Димче Андов 1” 6” 6” 9” 19” 20” 29” 30” 33” 36” 40”, Живе Ѓорѓиевски 2” 4” 34”, Валентино Трајковски 3” 4” 34” 38”, Александар Наумовски 13”, Стефан Станојковиќ 14” 30”

Екипата на Транском во дуелот со ВДЛ Ван Хоол настапи со скратен состав, практично без помош од клупата. Екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа да го искористи ова па уште на самиот старт наметна висок ритам надополнувајќи го со чести измени и притисок во предно поле. Екипата на Транском не можеше да ја игра својата препознатлива игра па му дозволи на ВДЛ Ван Хоол да се разигра и од минута во минута да го зголемува водството кое на крајот од полувремето изнесуваше 1-12.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Екипата на Транском се обидуваше да ја намали негативата но ВДЛ Ван Хоол имаше своја вечер во која не дозволи изненадување. Во самиот финиш од овој натпревар ВДЛ Ван Хоол имаше голема резултатска предност со која го доби овој натпревар.