ЕЛЕМ 2-4(2-1) ЕВН
ЕЛЕМ: Тихо Груевски 20’ Горан Николов 11’
ЕВН: Дарко Стоилевски 26’ 37’ Никола 7’ 32’
Осумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и ЕВН. Двете екипи во овој дуел влегоа мотивирани со цврста игра и акцент ставен да добрата одбрана. Екипата на ЕВН го отвори резултатот во 7та минута со погодокот на Атанасов, но радоста не траеше долго бидејќи во 11та минута екипата на ЕЛЕМ преку Николов успеа да ја врати неизвесноста и да израмни на 1-1. Во остатокот од полувремето двете екипи се обидуваа да ја најдат пукнатината во противничката одбрана за резултатска предност. Во финишот од првото полувреме екипата на ЕЛЕМ имаше неколку одлични обиди за зголемување на водството, но голманот на ЕВН Атанасов одлично ја чуваше својата мрежа се до последната секунда од полувремето која ЕЛЕМ преку Груевски успеа кончено да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1 на полувреме. Во второто полувреме екипата на ЕВН успеа да изврши притисок во предно поле уште на самиот старт тренерот Драги Стојанов постави игра со која изврши огромен притисок кон екипата на ЕЛЕМ, ваквата поставеност резултираше со израмнување преку Стоиловски за 2-2. Во понатамошниот тек од натпреварот екипата на ЕЛЕМ по два жолти картони остана со играч помалце екипата на ЕВН го искористи тоа па успеа да дојде до повторно водство во овој дуел и да дојде до конечна победа од 2-4.