УНИКА 6-4(3-2) Џонсон Мети
УНИКА: Љуљзим Каштањева 7’ 14’ 29’ Бенјамин Граинца 35’ Арбен Нухиу 19’ 39’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 26’ 27’ Никола Николовски 9’ Мартин Николовски 5’
Израмнето прво полувреме одиграа УНИКА и Џонсон Мети, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста и офанзивна игра. Екипата на Џонсон Мети го отвори резултатот во 5та минута со погодокот на Николовски, ова ја примора екипата на УНИКА да притисне во предно поле што им донесе израмнување во 7та минута со погодокот на Каштањева. До крајот на полувремето се играше израмнет фудбал двете екипи успеаа да постигнат по еден погодок и кога се мислеше дека со 2-2 ќе се замине на паузата Нухиу погоди за УНИКА и целосен резултатски пресврт 3-2. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат во висок ритам, иако се играше отворен фудбал и на двете страни одбраната беше на високо ниво се играше со многу чести прекини. Во овој натпревар концентрацијата на судиите Стефков и Недевски не беше на посакуваното ниво па најчесто беа на записничката маса гледајќи ги ВАР ситуациите. Во ваквите случаеви клучна улога одиграа делегатите Гајиќ и Лазороски кои беа на ниво на задачата и будно го следеа натпреварот се со цел истиот да влезе во мирна завршница. Во ваквиот егал дерби натпревар екипата на УНИКА во самата завршница имаше поголема концентрација па преку дуото Каштањева – Нухиу успеа да стекне резултатска предност од два гола и со кончни 6-4 да го добие овој натпревар.