Дуото Павковиќ -Тасевски го водеше Атлантик Груп до победа над Гранит

Атлантик Груп 8-6(2-4) Гранит

Атлантик Груп: Далибор тасевски 6’ 32’ Благојче Јовчевски 20’ Љупчо Павковиќ 22’ 26’ 33’ Кристијан Тодоровски 29’ Благојче Стојановски 34’
Гранит: Николче Глигуровски 11’ 27’ Дарко Петров 17’ 40’ Александар Димески 19’

Екипите на Атлантик Груп и Гранит го започнаа овој натпревар во духот на фер пллеј играта, иако се играше на ивица на фаул и на двете страни преовладуваше коректна игра. Прва до водство дојде екипата на Атрлнтик Груп во 6та минута преку Тасевски, екипата на Гранит во тие моменти заигра офанзивно со притисок во предно поле и со одлично одработени напади успеа да дојде до водстно од 1-3 стрелци на головите беа Глигуровски 11та, Нацев 14та и Петров во 17та минута. Со ваква игра Гранит успеа да направи дефокус кај Атлантик па во самата завршница на полувремето преку Димевски поведе со 1-4. Во самиот финиш Јовчевски кај Атлантик со гол успеа да намали на 4-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Атлантик играше со поголема концентрација и со долги напади и многу проигрувања доаѓаше до отворени шанси за гол. Во ваквата поставеност Павковиќ имаше своја вечер па во 22та и 26та минута успеа да го намали водството и да дојде до израмнување на 4-4. Гранит со обидуваше да наметне свој ритам но Атлантик Груп не го дозволи тоа од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше 8-6 за екипата на Атлантик Груп.