Дуото Петров-Глигуровски го водеа Гранит до победа над Леар

Леар 2-5(0-1) Гранит

Леар: Благојче Симјаноски 36’ Робертино Златевски 38’
Гранит: Николче Глигуровски 11’ 23’ Дарко Петров 25’ 33’ 37’

Во борбата за влез во завршната фазџа од бизнис лига силите ги одмерија екипите на Леар и Гранит. Во првото полувреме и двете екипи се обидуваа да се прилагодат на условите кои можеме слободно да кажеме дека не беа ни малку лесни. Влажниот терен на кој се играше првиот натпревар бараше исклучетелна внимателност и пристап кој секој дуел.

И двете екипи тешко доаѓаа до отворена шанса за гол. Екипата на Гранит преку Глигуровски 11’ успеа да дојде до 0-1. Леар се обидуваше да игра нешто по офанзивно во преостанатиот дел од полувремето, но тоа не беше со реализација па на полувремето Гранит замина со предност од 0-1.

Во второто полувреме уште на самиот старт Глигуровски 23’ успеа да ја зголеми предноста за Гранит на 0-2. Екипата на Леар се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но во тие моменти кај Гранит проработе Петров кој со три гола 25’ 33’ 37’ успеа да му донесе солидна предност на својoт тим. Леар преку Симјановски 36’ и Златевски 38’ успеа да го намали резултатот но тоа не беше доволно за целосен пресврт па Гранит го доби овој натпревар со резултат 2-5.