Матрикс 6-3(2-0) Леар
Матрикс: Драган Врњанчевски 3” 10” 37”, Тони Врњанчевски 27”, Антонијо Богдановски 34”, Предраг Стојмировиќ 35”
Леар: Марјан Ѓорѓиевски 22”, Златко Смилевски 23”, Стефан Златевски 32”,
Дуелот помеѓу Матрикс и Леар прва го отвори екипата на Матрикс во раната фаза од натпреварот 3” преку Д. Врњанчевски. Матрикс имаше одлична поставеснот во играта, пред се во делот на нападот каде што со прецизни додавање и втрчувања во празен простор успеваа да дојдат до отворен удар кон противничкиот гол. Д. Врњанчевски имаше своја вечер па во 10” му донесе предност на својот тим од 2-0, резултат со кој се отиде на полувремето. Екипата на Леар одлично го започна второто полувреме и преку дуото Ѓорѓиевски-Смилевски успеа да го израмни резултатот на 2-2, но Матрик не дозволуваше Леар да премине во водство па преку Т. Врњанчевски поведе со 3-2. Екипата на Леар успеа преку Златевски да израмни на 3-3, во втората фаза од второто полувремем, но екипата на Матрикс продолжи да ја игра својата препознатлива игра и пред се со колективна игра и подршка од клупата успеа да остане фокусирана во натпреварот и од минута во минута да го зголемува водството за конешни 6-3.