ЕВН 6-3(2-2) ЈСП
ЕВН: Бојан Маџовски 9’ 10’ Томи Илиевски 31’ Ајет Новобрдарија 23’ 36’
ЈСП: Дејан Блажевски 9’ Сашо Георгиев 24’ Сабит Хусеини 17’
Воведните минути од натпреварот и двете екипи ги одигра во ‘’ГРЧ’’ внимавајќи повеќе на својот гол, периодично се обидуваа да нападнат кон противничкиот гол. Кон средината на полувремето мразот го проби екипата на ЈСП со погодокот на Блажевски во 9та минута и водство од 0-1. Следуваше брз одговор од екипата на ЕВН и со два погодоци едно по друго во 9та и 10та минута успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Во остатокот од полувремето екипата на ЈСП вршеше притисок кон голот на ЕВН со цел да дојде до израмнување, а во игра внесе и голман играч што вроди со плод па дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра, со многу шанси на двете страни. Екипата на ЕВН на стартот од полувремето успеа да постигне погодок и да го превземе водството, веќе следната минута екипата на ЈСП со голот на Ѓоргиев успеа да го израмни резултатот. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН имаше повеќе од играта и го доби овој натпревар со 6-3.