ЕВН во самиот финиш го скрши отпорот на Леар

Леар 1-4(0-0) ЕВН

Леар: Благојче Симјаноски 40’
ЕВН: Вилијам Митев 30’ Бојан Тодоровски 34’ Дарко Стоилевски 38’ Ајет Новобрдалија 40’

Дуелот помеѓу екипите на Леар и ЕВН започна мошне мотивирано и на двете страни. И двете екипи играа цврст фудбал со акцент на одбранат. Ваквото темпо на игра успеаваа да го одржат со чести измени и помош од клупата. И двете екипи кон средината на полувремето дојдоа до неколку отворени шанси за гол но на двете страни голманите беа на ниво на задачата па на полувремето се замина со нерешен резултат од 0-0. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам се до средината на полувремето кога екипата на ЕВН преку контра напад во релизација на Митев успеа да поведе со 0-1, на кој по неколку минути му се приклучија Тодоровски и Стоиловски за водство од 0-3. Екипата на Леар се обиде во овој натпревар да се врати поставувајќи во своите редови голман играч како би можеле да остварат играч плус во делот на нападот. Но искусниот ЕВН не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 1-4.