ЕВН 2-2(1-1) Макстил
ЕВН: Дарко Стоилевски 18” Ајет Новобрдалија 31”
Макстил: Мартин Лазев 13” 22”
Пролетниот дел од Бизнис Лигата го отворија екипите на ЕВН и Макстил од А групата. Двете екипи во овој прв натревар од пролетниот дел влегоа силно мотивирани со цел да дојдат до прва победа и одличен почеток. Екипите на стартот од полувремето играа доста израмнето, со точни додавања и одлични шутеви со кои се обидуваа да го изненадат противничкиот голман. Екипата на Макстил прва успеа да го отвори резултатот со погодок на Лазаев во 13та минута, по ова водство екипата на ЕВН почна да го користи својот голман како голман играч со цел да створи вишок во нападот и да дојде до шанса за израмнување на резултатот во што успеа во 18та минута од полувремето со погодокот на Стоилевски. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам. И двете екипи играа агресивно во одбраната не давајќи му на противникот да дојде до отворена шанса за гол. И на двете страни имаше по неколку сериозни обиди да се загрози противничката мрежа. Екипата на Макстил преку Лазев во 22” успеа да поведе со предност. Но во средината на полувремето ЕВН преку Новобрдалија во 31” изреамни на 2 – 2. Во останатиот дел од мечот мрежите мируваа за да истиот заврши со израмнет резултат 2 спрема 2.