ЕВН со одлично второ полувреме до победа над Џонсон Мети

ЕВН 5-2(2-2) Џонсон Мети

ЕВН: Дарко Стоилевски 4’ 25’40’ Бојан Тодоровски 32’ Никола Атанасов 17’
Џонсон Мети: Стефан Јовановски 14’ 20’

Дваесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Џонсон Мети, двете екипи во овој натпревар влегоа со сериозен пристап и фокус на одбраната. Екипите играа со многу точни подавања и својата шанса ја бараа на грешка на противникот, екипата на ЕВН успеа да искористи една ваква грешка и пореку погодокот на Соилевски да поведе со 1-0 во 4та минута. По ова рано водство на ЕВН екипата на Џонсон Мети започна со нешто поофанзивна игра и се почесто се закануваше кон противничкиот гол што им донесе израмнување на 1-1 во 13та минута со погодокот на Јованвоски. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат по еден гол но ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на полувремето се замина со 2-2. Во второто полувреме екипата на ЕВН ја имаше контролата врз играта и успеа да искористи одлична шанса за да дојде до повторно водство од 3-2. Екипата на Џонсон Мети се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот и настапи со офанзивна игра, во ваквата офанзивна игра заборави на одбраната што ЕВН го искористи за преку контра напад да ја зголеми разликата на 4-2. Екипата на Џонсон Мети со голман играч продолжи со притисокот кон голот на ЕВН, но ЕВН ја зацврсти играта во одбраната и ги одби нападите на Џонсон Мети за слави во овој дуел од 5-2